Како функционира?

Производителите и трговците на органски производи можат да се промовираат, да примаат и даваат понуди и да комуницираат едни со други преку страниците на форумот. 

Додавањето на вашиот бизнис во листата на производители или трговци е лесно. Доколку имате потреба можете да го преведете вашиот профил на сите 3 достапни јазици: Бугарски, Македонски и Англиски. 

За да започнете, прво со иконата за промена на јазикот во заглавието на секоја страница
одберете го јазикот на кој би сакале да го креирате вашиот профил. Откако ќе го одберете јазикот, изберете Производители или Трговци зависно од вашата дејност. Во горниот дел од страницата одберете „Направете ја вашата страница“.

1

Ќе се отвори едноставен образец кој треба да го пополните и зачувате на крајот.
Најпрво изберете ја соодветната категорија во која спаѓа вашиот бизнис.

Потоа напишете ја вашата е-пошта. Автоматски ќе биде креиран вашиот профил и вашата е-пошта ќе служи како корисничкото име за најавување во вашиот профил на bio-trade.eu. Ќе добиете електронска порака што ја содржи вашата автоматски генерирана лозинка која можете да ја промените откако ќе влезете во bio-trade.eu

Внесете го вашето име или името на вашата компанија.
„Лого“ Кликнете „Избери датотека“ и пронајдете слика на хард дискот на вашиот компјутер, која сакате да биде прикажана како лого на вашиот профил.
Следно внесете ги деталите за адресата и телефонскиот број.

Внесете ја адесата на вашата „Интернет страна“ во соодветното поле.
Адересата напишана со латиница најдобро ќе функционира.

Бидејќи сте сертифициран органски производител / трговец, можете да одберете дали името на вашето контролно и сертификациско тело да се покаже на вашиот профил.

Следно внесете „Краток опис“ на вашиот бизнис. Тој ќе биде прикажан заедно со името на бизнисот во регистарот на компании, каде што се прикажани сите компании или конкретни резултати од пребарувањето. Напишете карактеристики и краток опис за вашата компанија. Овој опис не треба да биде подолг од 300 знаци.

Во „Полн опис“ додадете детали за вашиот бизнис и процесите што ги користите.
Со додаввање слики во полињата „Дополнителни слики“ можете да направите галерија од фотографии во вашиот профил. Користете слики со висок квалитет и запомнете дека една слика вреди илјада зборови.

„URL YouTube“ - Ако имате видео поставено на YouTube, ископирајте ја врската во ова поле и зачувајте го образецот. Системот автоматски ќе го прикаже видеото на страната на профилот.

„Предлог за соработка“ - ова е текстуален дел во која можете да објавувате конкретни понуди или пак барања согласно потребите на вашиот бизнис. Информациите во ова поле нема да бидат јавно прикажани. Само регистрираните корисници на мрежата ќе можат да ги видат.

Полињата означени со (*) Ѕвезда се задолжителни.

Не заборавајте да кликнете на „Зачувај “ откако ќе завршите.

Откако ќе го зачувате, вашиот профил ќе биде испратен до администраторот на интернет страната за преглед и одобрување.
Откако администраторот ќе го одобри вашиот профил, ќе добиете е-пошта која содржи линк кој можете да го одберете за да го посетите вашиот профил на bio-trade.eu

2

 

 

Откако вашиот профил е одобрен, можете да се најавите на bio-trade.eu со адресата на вашата е-пошта како корисничко име и лозинката што е испратена до вас откако сте го зачувале креираниот профил.
Ако се најавите на страницата како производител или трговец, ќе забележите дека иконата "СОЗДАДИ СВОЈ ПРОФИЛ" се трансформирала во "Мој профил".

Кога ќе кликнете на него, ќе видите „преглед на вашиот профил“, на кој можете да кликнете за да ја видите вашата страница со сите детали.

Во горниот лев агол од страницата, ќе ја видите иконата „Уреди“ која можете да ја кликнете за да ги видите следните опции: „ Невидлив профил / Видлив профил “, „Уреди профил“, „превод на Бугарски“, „превод на Македонски“.
Кликнете на "Превод на ..." ако сакате да го направите вашиот профил достапен на различни јазици. Притоа за различни јазици ќе мора да го пополните образецот Профил на јазикот што сте го избрале.

3 

Со оглед дека сте веќе член на bio-trade.eu можете да одите на „Форум“ и да започнете дискусија или да прочитате што другите луѓе имаат да кажат на темата за која сте заинтересирани.

4 

 

Кликнете на релевантната „Секторска група“ за да ги видите темите и дискусиите или да започнете нова дискусија.
Со изберете "Нова тема" за да започнете зададете нова тема за дискусија.

За да ги видите постоечките дискусии и да учествувате во нив, едноставно кликнете на линкот „Дискусија“ на односната тема.

5

Можете да учествувате во било која од дискусиите на форумот со давање одговор на прашање или поставување на ваши прашања до заедницата.

6