~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~   

Нов Регистар на органски оператори

Posted by Gjorgi Hadzi-Kotarov
Посети: 428

Нов Регистар на органски оператори

 

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше промовиран новиот Регистар на органски оператори. Преку овој Регистар потрошувачите имаат можност да добијат точни информации за сите сертифицирани органски производители, трговци, добавувачи и преработувачи на органски производи, а преку јавно достапните информации и директно да стапување во контакт со нив. 

Во регистарот се опфатени се 654 сертифицирани оператори за органско производство, за сите видови на овошје, зеленчук, видови на добиток, пчеларство, житни култури, лековити и ароматични растенија, самоникнати производи, како и преработки од овие производи.Како ќе се менува состојбата, така ќе се ажурираат податоците во регистарот.

http://mzsv.gov.mk/%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0/%D0%9E%D1%...

БИОФАХ 2019 – Настап на органски производители на саемот во Германија

Posted by Ani Simeonova
Посети: 375

БИОФАХ 2019 – Настап на органски производители на саемот во Германија

На Македонскиот штанд на најголемиот саем за органско производство во светот, кој се одржа во Нирнберг германија, своите производи ги претставиа десет Македоснки компании. Настапот беше поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Настапот беше координиран од Федерацијата на производители на органски производи на Македонија, на која како економски партнер на МЗШВ и беше доделен мандат за организација на настапот.

Министерството го овозможи здружениот настап за заедничка промоција во соработка со производителите и преработувачите на органски производи.

На годинашниот „Биофах“ се претставуваат над 2.300 меѓународни изложувачи, а се очекува да присуствуваат скоро 50.000 трговци со органски производи и опрема од 130 земји. За подобра промоција на македонските органски производители, МЗШВ со помош на швајцарската Програма изработи промотивен каталог на органски производи на кој покрај компаниите кои се изложувачи, се претставени и компании и производители кои не се во можност да присуствуваат на саемот.