Состанок на ФПОПМ - Струмица - Р.Н.Македонија и Асоцијација Савремие - Санадански - Р. Бугарија и Центар за развој на ЈИПР

Посещения: 404

Состанок на ФПОПМ - Струмица - Р.Н.Македонија и Асоцијација Савремие - Санадански - Р. Бугарија и – Центар за развој на ЈИПР,

Во Струмица, на 02.04.2019   

Присутни: Горан Ангеловски - ФПОПМ, Ани Симеонова - Асоцијација Савремие, Наќо Кимов – Јапонско јаболко, Ѓорѓи Хаџи Котаров – Органо Логистик, Мима Станоевска – Центар за развој на ЈИПР,

Ани го започнува состанокот со презентирање на изработените анализи од Савремие. Горан се надоврзува за значењето на ознаките за квалитет и за МЗШВ кое сфаќа оти пакувањето и промовирањето на локалните производи е битно. И дека најверојатно најбитното е тоа што секој сам не регистрира производ, туку тоа го прават група на призводители. Го завршува својот дел со наведување на практичните пречки кои се појавуваат при излегувањето на пазарот на едно традиционално органско производство и дека токму тие се основната причина зошто треба да се направи нешто повеќе за традиционалните органски производства, како на пример со воведување на заштитените ознаки.

Мима кажува дека нејзините првите контакти со ФПОПМ биле во 2009 во Скопје, иако запознавањето со работата на ФПОПМ не било многу детално. Нивниот плански регион пред сè е земјоделски крај, така да многу често се вклучуваат во многу локални манифестации (Ракијада, Празијада, Ајверијада, Смоквијада,...). Во нивниот центар има 10 општини, а тие како центар првично го застапуваат општинскиот интерес и при конструирањето и насочувањето на проекти/активности треба да добијат согласност од нив. Во секој случај, проектите со земјоделците им влегуваат во фокусот што е основата за соработка со ФПОПМ, Савремие и ЦРЈПР.

Потоа се поставува и разгледува прашањето дали можеме да започнеме конкретно со нешто – на пример дали Центарот има настан за брзо во кој би можеле да се вклучи ФПОПМ. Мими укажува дека мора да се проверат од тоа што имаат на календарот во блиска иднина и дали нешто би соодветствувало. Пример, најновиот проект за сливот на струмичка река или друг проект креиран за набавка на софтевер за предвидување болести. Меѓутоа генерално сите обуки и во двата проекта се тематски конкретни. Горан прашува дали работат нешто во делот туризам, бидејќи тоа е дел во кој ФПОПМ би можел добро да се вклопи. Ѓорги ХК информира дека го прават првиот биохотел, од бизнис секторот и две невладини. Потоа Горан го кажува примерот со Airbnb Experience, најнова секција каде се вклучува локалната храна.

Ѓорѓи ХК вели дека треба да ја искористиме до максимум сличноста и симбиозата на ФПОПМ и органското, бидејќи и за едните и за другите производи ниеден од преработувачите не е заинтересиран и неможе да се добие цена за овие производи, која нормално треба да ја имаат за додадената вредност која ја поседуваат. Тука наведе дека локалните пазари на членки од ФПОПМ се добра прилика да се промовираат локалните производи, кои пак неможат да е преработат, неможат да се продадат, па многу често на производителите им остануваат залихи и од претходната реколта. Истото од аспект на производител, го потврди и Наќо. Горан кажува за пазарот на фармери во Македонија и барањата на МЗШВ и други институции да им организираме вечери или сл за да се претстават со автохтони органски производи. Од друга страна дека ФПОПМ прави иницијатива за организирање саем на годишно ниво, каде би се претставувале регионите. Тоа би бил поголем саем, поддржан на повисоко ниво. Мима се надоврзува со пример дека моментално немаме ниеден сам на локално ниту национално ниво, но пред неколку години се одржувал саем на општините, каде секоја општина си се претставувала со свои производи. Се организирал во Скопје на плоштад, секоја сабота по еден регион. Горан го поткрепува ова со примерот од Италија, каде секој регион одделно се претставува. На прашањето дали имало ефект, Мими одговара дека за центрите било задоволство бидејќи сите производи од регионот се претставувале. Но, колкав економски или друг бенефит имало за производителите понатанму, не е сигурна.

Наќо посочува дека Ракијадата е еднодневна и остана со многу локален карактер. Многу се вложува од луѓето, буквално се „малтретираат“ бидејќи носат казани и останата опрема за правање ракија, а од друга страна не можат да продадат речи си ни 5 литри ракија, така што настанот во последно го изгуби сјајот. Но, по некоја инерција пак се организира. Сепак, од аспект на другите од таквите настани може доста да се научи за локалните производи. Мима го илустрираше тоа преку примерот на Празијата од кој настан лично научила многу и дека иститот има влијание на општото знаење за локалниот праз. Од таму се донесе заклучок, дека таквите настани се повеќе за промоција, но не и за конкретна добивка особено не финансиска на самите производители.

Наќо повторно кажува дека финалната фаза не е средена и економската добивка изостанува. Во случајот со производството на јапонското јаболко, стигнале преку 60 000 тони во еден период. Тој самиот ги мотивирал многу одгледувачи, па и дел од неговите ученици, но дека сега се гушат самите во тоа производство. Додава дека чувствува кривица, зошто ги поттикнувал да садат. Од друга страна искуствата кажуваат дека инспекторите би казниле некого со 5 илјади евра за три теги слатко, што е уште една пречка луѓето да се похрабри во одржувањето и развивањето на малите локални производства. Како пример посочи, дека во училиштето пробно почнале да прават сокови и одма им дошле инспектори. Оттаму заклучокот е дека мора да се среди регистрацијата на ваквите производства, покрај нивното брендирање и соодветно означување.

На крај, се кажува дека ФПОПМ работеше на правилник за таква регистрација, но кај производите од животинско потекло, а моментално работи на водич за примена на правилникот кој треба да резултира со поголема свесност кај самите локални инспектори за отстапувањата кои се дозволени и треба да ги има во малите производства. 

ЗАКЛУЧОЦИ:

  1. Моментално сите настани на Центарот им се предвидени. Сепак, треба да проверат дали постои некоја шанса за спојување со некој од планираните настани. Во секој случај „Фестивал на органска храна“ може да го организираме заедно, со локална логистика од Центарот.
  2. Повеќе да се анимира членството, при промоција на производите и организација на настаните преку организирање вечери, екскурзии, дружења...
  3. Да се внимава и посочува внимание во иднина на производите кои лажно се именуваат со локални епитети.
  4. При заштитата на производите со заштитени ознаки, да се тргне со најтипичните производи кои најлесно би можеле да се докажат.
  5. ФПОПМ да достави листа на конкретни работи и ресурси потребни за организација на локалните настани, со што Центарот би можел да помогне или да вклучи трети страни кои би можеле да помогнат.