~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~   

Одржан вториот состанок на партнерите од проектот BalkanRoad

Posted by Gjorgi Hadzi-Kotarov
Посети: 334

Партнерите на проектот BalkanROAD се сретнаа на 12 октомври 2018 година во Скопје. На состанокот кој се одвиваше во конструктивна работна атмосфера се дискусираше за изминатите и идните активности на проектот.
Во следните шест месеци и до третиот состанок на проектот, конзорциумот BalkanROAD ќе се фокусира на развивање на алатката Балкански Патоказ (софтверот) и на зголемена промоција на проектот.

Посета на пилот фармата на Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ)

Posted by Gjorgi Hadzi-Kotarov
Посети: 330

Посета на пилот фармата на Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) – Тимот на Бенаки Институтот за фитопатологија (Benaki Phytopathological Institute) и координаторот на проектот BalkanROAD ја посетија пилот фармата во Македонија. За време на посетата, двата тима заеднички ги дефинираа клучните чекори на постапките за производство и прераработка на пиперките кои треба да се разгледаат во ROAD алатката, а исто така разговараа за процесите и постапките кои би можеле да се подобрат со цел да се намали влијанието врз околината на крајниот производ од оваа пилот фарма.