Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Posted by Gjorgi Hadzi-Kotarov
Посети: 213

Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Pегионалниот проект „БалканРоуд“ е финансиран од ЕУ, во рамки на програмата „Балкан-Медитеранеан 2014-2020” и се спроведува во Македонија, Грција, Кипар, Бугарија и Албанија. Проектот се фокусира на одржливи земјоделски практики кај повеќе земјоделски култури, преку активности на три опитни фарми: за грозје, јаболка и пиперки.

Во Македонија проектните активности ги спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија. Балканскиот земјоделски сектор се соочува со значајни предизвици во однос на управувањето со ресурсите и емисиите на стакленички гасови. Иако некои земји покажуваат позитивни показатели за развој, сепак, континуираната економска криза, ниското ниво на иницијативи преземени од локалната и централната власти, како и понискиот капацитет и ниво на образование од балканските фармери во споредба со другите европски земјоделци, го отежнуваат прилагодувањето на балканското земјоделство со политиките на ЕУ.

Подобрување на балканското земјоделско окружување преку стратегии, методологии и технологии за зачувување на природните ресурси (почва, вода, воздух), намалување на стакленички гасови и на производството и депонирањето на отпадот и зголемување на степенот на негово рециклирање, односно реупотреба во системите за земјоделство, како и развивање заеднички балкански протокол за производство на земјоделски производи со еко-ознака, се исто така цели на „БалканРоуд“.

Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) се вклучи во проектните активности како интересент и чинител во македонскиот земјоделски сектор.