JMTE ORGANIC WWW.BIO-TRADE.EU

ЗАЕДНИЧКА ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОРМА ЗА МАРКЕТИНГ И ТРГОВСКА РАЗМЕНА НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ (JMTE Organic)

  • Сите сертифицирани производители и трговски компании со органски производи од прекуграничниот регион на Македониja и Бугариja – на едно место
  • Специализирани регистри на производители на органски производи и трговски компании
  • Виртуална база и изложба на органски производи и трговски компании
  • Виртуална база и изложба на органски производи, произведени во прекуграничниот регион на Македониja и Бугариja
  • Можности за производство и барања за соработка
  • Можност за пристап од било кое место и во било кое време
  • Интернет форум за интерна комуникациja помеѓу членовите на Мрежата EOP-CBR за развоj на органското производство – интегрирана во платформата JMTE Organic

 

ПРОЕКТ: EBC-OP-CBR

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ОРГАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БГ-МК

Ref. No: CB006.1.31.021 

Севкупната цел на проектот EBC-OP-CBR е поддршка на органскиот сектор во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија преку зголемување на интензитетот на прекугранична соработка помеѓу заинтересираните луѓе, малите и средните претпријатија и институциите со цел здружено да се одговори на заедничките предизвици и да се искористат неупотребените потенцијали преку предложените проектни активности и очекувани резултати. 

Територија на имплементација

Бугарија – Благоевградска област (BG413) и Ќустендилска област (BG415)

Македонија – Источен регион (МК002) и Југоисточен регион (МК004) 

Главни проектни активности:

  • Студија на потенцијалот за раст на органскиот сектор. Целта на Студијата ќе биде да го анализира производствениот капацитетот и потенцијалот за раст на органскиот сектор во целниот регион.
  • Развој на стратегија за унапредување на органското производство во прекуграничниот регион БГ-МК. Стратегијата ќе служи како основа за пофокусиран и одржлив развој на органскиот сектор во регионот.
  • Отворање два прекугранични консултантски центри за органските производители. Еден консултантски центар во Сандански (Бугарија) и еден консултантски центар во Струмица (Македонија) ќе бидат отворени 6 месеци со цел да овозможат трансфер на знаење и да поддржат градење на деловните капацитети на 60 новоосновани бизниси во органскиот сектор и 100 постоечки органски бизниси
  • Заедничка интернет платформа за маркетинг и трговска размена (Joint Marketing and Trade Exchange Organic) ќе биде развиена и промовирана
  • Изработка на Деловен прирачник за органски производители; Тој ќе содржи главно практични деловни информации како што се извори на ажурирани информации, алатки за маркетинг и продажба, канали на дистрибуција и промотивни методи насочени кон извоз за органските бизниси, техники на односи со јавноста, герила маркетинг и можности за рекламирање.
  • Развој и раст на Мрежата за унапредување на органските производители во прекуграничниот регион; мрежата ќе овозможи контакти и соработка помеѓу разни органски бизниси.
  • Учество на меѓународен саем за органски производи; Преку оваа посета проектниот тим ќе има можност да ја промовира интернет платформата за маркетинг и трговска размена - Joint Marketing and Trade Exchange Organic, Мрежата за унапредување на органските производители во прекуграничниот регион и Студијата на потенцијалот за раст на органскиот сектор во прекуграничниот регион БГ-МК.
  • Обуки за ЈМТЕ Organic платформата и за деловен развој;
  • Форум на Мрежата за унапредување на органските производители во прекуграничниот регион и состаноци на секторот за пазар за производно-услужна потрошувачка. Приоритет за учество ќе имаат членките на Мрежата за унапредување на органските производители во прекуграничниот регион и извозно ориентирани органски бизниси. 

Целни групи:

  1. Мали и средни претпријатија активни во органскиот сектор – производители, трговски претпријатија
  2. Невладини организации кои го поддржуваат органскиот сектор
  3. Образовни институции кои нудат обуки од областа на органското производство
  4. Јавни институции одговорни за органскиот сектор
  5. Субјекти кои започнуваат со работа во органскиот сектор
  6. Потрошувачите заинтересирани за органскиот сектор 

Очекувани резултати по имплементацијата на проектот

  1. Поддржани бизниси кои започнуваат со работа во органскиот сектор: 30 од Бугарија и 30 од Македонија
  2. Број на учесници во поддржаните обуки и иницијативи за квалификација – една обука во Бугарија со 40 учесници (20 мажи и 20 жени) и една обука во Македонија со 40 учесници (20 мажи и 20 жени).
  3. Број на претпријатија кои добиваат непарична поддршка – 50 органски производители и производители во процес на сертификација од Бугарија и 50 органски производители и производители во процес на сертификација од Македонија.
  4. Поддржани иницијативи за економски развој и промоција на инвестиции:
    • Создадена Заедничка интернет платформа за маркетинг и трговска размена (JMTE Organic)
    • Развој на капацитетот на Мрежата за унапредување на органските производители во прекуграничниот регион
    • Анализа на потенцијалот за развој на органскиот сектор
    • Учество на меѓународна изложба на органски производители;
  5. Развој на капацитетот на Мрежата за унапредување на органските производители во прекуграничниот регион:
    • Придобиени нови членови – очекувани бројки: 25 од Бугарија и 25 од Македонија
    • Создаден онлајн внатрешен форум за поддршка на комуникацијата во рамките на Мрежата
    • Промотивни летоци за Мрежата (1000 примероци) – отпечатени и дистрибуирани
    • Промоција на Мрежата кај потенцијални инвеститори за време на меѓународните саеми на органско производство

 

 

Водечки партнер:

Здружение САВРЕМИЕ

ул. Македонија бр. 36, 2800 Сандански, Бугарија

тел: 00 359 876 882050

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

www.savremie.org

 

Партнер:

Федерација на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ)

ул. Младинска бр. 146, 2400 Струмица, Македонија

тел: 00 389 78 212 388

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

www.fpopm.com