~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~   

Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Posted by Gjorgi Hadzi-Kotarov
Посети: 212

Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Pегионалниот проект „БалканРоуд“ е финансиран од ЕУ, во рамки на програмата „Балкан-Медитеранеан 2014-2020” и се спроведува во Македонија, Грција, Кипар, Бугарија и Албанија. Проектот се фокусира на одржливи земјоделски практики кај повеќе земјоделски култури, преку активности на три опитни фарми: за грозје, јаболка и пиперки.

Во Македонија проектните активности ги спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија. Балканскиот земјоделски сектор се соочува со значајни предизвици во однос на управувањето со ресурсите и емисиите на стакленички гасови. Иако некои земји покажуваат позитивни показатели за развој, сепак, континуираната економска криза, ниското ниво на иницијативи преземени од локалната и централната власти, како и понискиот капацитет и ниво на образование од балканските фармери во споредба со другите европски земјоделци, го отежнуваат прилагодувањето на балканското земјоделство со политиките на ЕУ.

Подобрување на балканското земјоделско окружување преку стратегии, методологии и технологии за зачувување на природните ресурси (почва, вода, воздух), намалување на стакленички гасови и на производството и депонирањето на отпадот и зголемување на степенот на негово рециклирање, односно реупотреба во системите за земјоделство, како и развивање заеднички балкански протокол за производство на земјоделски производи со еко-ознака, се исто така цели на „БалканРоуд“.

Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) се вклучи во проектните активности како интересент и чинител во македонскиот земјоделски сектор.

Пуштена во употреба страницата за извозна промоција на органските производи од Македонија www.organicmacedonia.mk

Posted by Gjorgi Hadzi-Kotarov
Посети: 144

Пуштена во употреба страницата за извозна промоција на органските производи од Македонија www.organicmacedonia.mk

На 25.12.2018 беше пуштена во употреба страницата наменета за извозна промоција на органските производи од Македонија. Интернет страницата е изработена во рамките на проектот за извозна промоција на органскиот сектор, спроведуван од Федерацијата на производители на органски производи и со поддршка на Министерството за Економија.

Идејата на интернет страницата е соодветно претставување и промоција на Македонските компании кои се стремат да ги пласираат своите органски производи на извозните пазари.

 Интернет платформата е изработена на Англиски јазик со модерен дизајн кој нуди лесен пристап до информациите за оргаснките производи и производители од Македонија.

Платформата содржи профили на компаниите и нивната понуда на органски производи наменети за извоз. Компаниите да можат самите да се регистрираат и креираат свој профил, и да објавуваат информации за себе и за производите кои ги нудат.

ФПОПМ да се стреми да се платформата се постигне обединување на понудата на органски производи од Македонија преку креирање на лесно достапни информации на национална платформа и понуда на „Се на едно место“ во поглед на информации за странските купувачи.